Мајкл Антонио и Нуно Еспирито Санто се закитија со првите признанија во Премиерлигата (ФОТО)

Фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Мајкл Антонио е избран за најдобар играч на месец август во Премиерлигата, додека признанието за најдобар тренер на месецот му припадна на новиот тренер на Тотенхем, Нуно Епирито Санто.

Репрезентативецот на Јамајка одлично ја отвори новата сезона со четири гола и три асистенции на три одиграни средби, а притоа стигна и до 50. гол во Премиерлигата и на тој начин стана најдобриот стрелец во клупската историја.

Антонио во трката за оваа награда ги победи колегата Саид Бенрама, Маркос Алонсо, Ерик Даер, Демари Греј и Мејсон Гринвуд.

Очекувано, тренерот на Тотенхем е најдобриот тренер на месецот со оглед на тоа што лондонскиот клуб е единствениот со три победи во тритте одиграни меча сезонава.

Во таа низа Тотенхем славеше над Манчестер Сити, Вулверхемптон и Вотфорд, интересно на сите натпревари со резултат од 1-0.

Се вчитува...