Антонио стана најдобриот стрелец на Вест Хем во Премиерлигата, а прославата ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Вест Хем Јунајтед продолжува да ја живее бајката која трае уште од претходната сезона, а по синоќешниот триумф над Лестер од 4-1, „чеканите“ стигнаа и до врвот на табелата во Премиерлигата.

Покрај победата, фудбалерите и навивачите на клубот го прославија и јубилејот на Мајкл Антонио кој со двата погодоци стана и најдобриот стрелец на клубот во Премиерлигата со 49. постигнати голови во противничката мрежа.

Одличниот стрелец притоа имаше и оригинална прослава при првиот гол која многумина ја категоризираа како најдобрата прослава на сезоната, а 31-годишникот подоцна изјави дека сакал да се чувствува „како бебе“.

Се вчитува...