Мајкл Џордан за една година заработи два пати повеќе отколку во целата НБА кариера

Мајкл Џордан во 2022 година заработил 256 милиони долари благодарение на лиценсираниот договор со популарната компанија „Најк“. Тоа е два и пол пати повеќе отколку во целата професионална НБА кариера во која шесткратниот шампион заработи околку 100 милиони долари.

Неговиот бренд на спортска опрема „Ер Џордан“ во последните пет години има приход од 19.4 милијарди долари, а проценките се дека сега 59-годишниот пораншниот кошаркар „тежи“ 1.7 милијарди долари.

Се вчитува...