Мајорал донесе три бода на „римската волчица“

Рома забележа значајна победа на домашен терен над Болоња од 1-0, со која „волчицата“ остана во игра во борбата за излез во фудбалска Европа.

Заморот поради густиот распоред од средбите од Лигата на Европа и од Серија А го стори своето, тренерот Фонсека беше принуден да го ротира тимот, но сепак успеа да стигне до цел плен благодарение на Борха Мајорал. Шпанскиот напаѓач одлично се снајде во самиот финиш на првото полувреме и го матираше гостинскиот голман, гол што се покажа единствен на мечот за големи три бода за „волчица“.

Рома со овој триумф остана на седмата позиција со 54 бода, пет помалку од четвртопласираниот Наполи.

Се вчитува...