Мајорка го шокираше Атлетико среде Мадрид (ВИДЕО)

Непријатен пораз на Атлетико Мадрид на домашен терен во Ла Лига. Мајорка триумфално се враќа од Мадрид, откако во последните 10 минути со пресврт успеа да озвои златни три бода.

Долго време Атлетико се мачеше да го скрши отпорот на гостите, а тоа му успеа на Куња во 68. минута. Сепак, гостите со головите на Русо и на Кубо во 91. минута, успеа да направи пресврт и да слави голем триумф. Ова е тежок удар за Атлетико во битката за првото место на табелата и шампионската титула.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...