Мајстор за големи натпревари: Модриќ е без пораз на последните 10 финалиња

Лука Модриќ дефинитивно е фудбалер за големи натпревари, не само поради одличните настапи на овој мундијал, туку и традицијата која вели дека Хрватот речиси никогаш не губи кога се води директна битка за трофеј.

Поточно кажано, последните десет финалиња во кои Модриќ има настапено од првата минута, Хрватот со својот тим Реал Мадрид редовно стигнувал до пехарот. Станува збор за средби од Лигата на шампионите, финалето од Копа дел реј, клупскиот мундијал и од Супер-купот на Европа, на кои Модриќ се закитил со трофеите.

Пред него денеска е можноста серијата да ја продолжи и на најголемиот натпревар во неговата кариера – финалето од СП меѓу Франција и Хрватска.

Се вчитува...