Мајсторијата на Христов за Барнсли – гол на денот во Премиер-лигата

Ѓорѓи Христов по одличните игри за Партизан си обезбеди трансфер во Премиер-лигата, каде го облече дресот на Барнсли, но македонскиот голгетер не се прослави во настапите за овој англиски клуб.

Официјалната статистика вели дека тој одигра вкупно 45 натпревари во дресот на Барнсли, постигна осум погодоци, а еден од нив денеска се врти по профилите на социјалните мрежи на Премиер-лигата. Имено, за време на паузата Премиер-лигата редовно избира по еден „гол на денот“ од поранешните сезони, а овојпат изборот падна токму врз мајсторијата на Македонецот на дуелот против Лидс.

Погледнете како Христов во манир на голем стрелец ја затресе мрежата на сегашниот клуб на Алиоски.

Се вчитува...