Мак-баскет и се е можно: На „полувреме“ од Собрание – награди за најдобрите

Мак-баскетот е посебен по многу работи, па еве оваа 2017 година ќе ја паметиме и по тоа што доделувањето на наградите за најдобрите ќе се случи „на полувреме“ од Годишното собрание на МКФ.

Дискусијата околу верификацијата на членовите со право на глас на ова Собрание придонесе да се влезе во терминот за доделување на наградите, па беше постигнат договор за време на паузата на Собранието да бидат доделени наградите на лауреатите за годинава што изминува.

Потоа ќе се прејде на „второто полувреме“, поточно на битката за смена на претседателот, кој по се изгледа ќе попушти и ќе дозволи гласање за негова (не)доверба, нешто што е сосема нормално и согласно Деловникот за работа.

Како што е веќе познато, најдобар македонски кошаркар за 2017 година е Перо Антиќ, кој нема да биде присутен бидејќи вечерва со Црвена звезда го играше својот меч од АБА-лигата против Мега.

Се вчитува...