Maкаби лесно против Валенсија за шеста победа во низа во Евролигата

Кошаркарите на израелскиот великан Макаби Тел Авив стигнаа до шестата победа во низа во Евролигата, откако вечерва во Белград славеа против шпанска Валенсија без поголеми проблеми со 95-80.

Натпреварот почна израмнето, а по првиот период „домаќините“ имаа предност од само еден поен 21-20. Израелците заиграа многу подобро во втората четвртина, па веќе на пауза имаа двоцифрена предност (48-38).

Во вториот дел Макаби само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 95-80. Болдвин со 17 поени и Небо со 15 беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Оџелеје заврши со 15 поени.

Се вчитува...