Макаби со „брејк“ од Атина против Панатинаикос

Голема борба, пресврти и одлични тимови. Во драматична завршница, кошаркарите на Макаби Тел Авив направија „брејк“ од Атина, совладувајќи го тимот на Панатинаикос во првиот четвртфинален меч.

Гигантот од Израел го изгаси „пеколот“ во „Оака“, и на крајот стигна до голема победа од 91-87.

Домашниот тим предводен од Ергин Атаман, водеше во текот на целиот меч, но Макаби секогаш беше блиску и не му дозволи на противникот да се одлепи. На 53 секунди до крајот беше 83-83.

После тоа Браун погоди за два поени, а Слукас на другата страна имаше катастрофален напад. Точка на триумфот стави Џош Нибо од линијата за слободни.

Најефикасен кај Макаби беше Колсон со 18 поени, додека на другата стран Лесор уфрли 22 поени.

Се вчитува...