Макаби Тел Авив може да се врати во Белград

Кошаркарите на Макаби Тел Авив кои домашните натпревари во Евролигата оваа сезона ги играат во Белград се вратија назад во Израел за натпреварот против Хапоел Халон во домашното првенство, а со оглед на нападот на Иран над Израел постоеше голема неизвесност дали ќе можат повторно да допатуваат во главниот град на Србија каде ги очекува плеј-ин натпревар од Евролигата против Басконија.

Небото над Израел беше затворено на подолго време што предизвика вистински проблем за Макаби Тел Авив и воедно за Евролигата, но од денеска истото е повторно отворено и аеродромот „Бен Гурион“ продолжи со работа со што е отворен и патот до главниот град на Србија.

Натпреварот помеѓу Макаби Тел Авив и Басконија ќе биде одигран во вторник со почеток од 19 часот во салата „Александар Николиќ“ и ќе биде историски со оглед на тоа што најсилното кошаркарско натпреварување во Европа за прв пат го применува плеј-ин системот.

Се вчитува...