Макаби веќе распродаде 10 илјади сезонски билети за новата сезона

Макаби Тел Авив успеа рекордно да ги придаде сите сезонски билети за престојната сезона. Евролигашот од Израел без проблем продаде 10 илјади сезонски билети, а притоа повеќе стотици фанови останаа покуси во обидот.

По неколкугодишниот неуспех за пласман во разигрувањето во најсилното кошаркарско натпреварување на „стариот континент“ Макаби две сезони едно по друг успеа да се најде на чекор до завршниот турнир. И во новата сезона се очекува силен тим кој веќе ги продолжи договорите со Болдвин и Браун, а допрва се очекуваат и нови големи засилувања.

Се вчитува...