Македонец „бронзен“ меѓу најлудите прослави на головите: Се сеќавате на Марио Ѓуровски (ВИДЕО)

Фудбалот носи многу возбуда, а дополнителен шарм даваат лудите прослави на головите. Влијателниот магазин „4-4-2“ вброи и Македонец меѓу трите најлуди прослави на головите. Се сеќавате ли на Марио Ѓуровски, поранешниот македонски репрезентативец, кој сега игра на Тајланд.

Кога го носеше дресот на Муангтонг јунајтед, на мечот против ТОТ, тој постигна гол, а потоа ги соблече гаќичките, ги стави на глава, и почна да ‘решета’ со рацете како да држи митралез. Пред него се само двајца „полуди“ фудбалери, Кевин Нолан и прославата во дресот на Њукасл, кога изведе „птичји танц“ на теренот на мечот против Астон Вила, и Ед Милс, од Атлетико Коимоуно, кој стави морков во меѓуножјето, затоа што прекарот на ривалите беше „зајаци“…

Се вчитува...