Македонец во елитно друштво: Елиф Елмас во најскапоцениот тим во Турција (ФОТО)

Македонскиот фудбалски мегаталент Елиф Елмас се најде во елитно друштво во Турција. Тој е избран во најскапоцениот тим на турското првенство. Тоа се фудбалерите што на своите клубови им носат најголема вредност на трансфер – пазарот. Елиф Елмас e е дел од средниот ред и се наоѓа во завидна конкуренција, заедно со дел од најголемите фудбалски ѕвзеди во турскиот шампионат.

Во моментот, според „Трансфермаркт“, вредноста на македонскиот репрезентативец на фудбалскиот маркет е проценета на околу 7,5 милиони евра. Фенербахче од Работнички за околу 300.000 евра, што македонскиот клуб ги доби како „тренинг компензација“.

На голот на „најскапоцениот тим“ во Турција се наоѓа Лорис Кариус од Бешикташ (вредност 9,5 милиони евра), а во одбраната се Жуниор Каисара (Башакшехир – 3 милиони евра), Озан Кабак (Галатасарај – 6,5 милиони евра), Домагој Вида (Бешикташ – 10 милиони евра), Јуто Нагатомо (Галатасарај – 2,5 милиони евра). Заедно со Елиф Елмас (Фенербахче – 7,5 милиони евра), во средниот ред се Баду Ндиаје (Галатасарај – 12 милиони евра), Един Вишча (Башакшехир – 11 милиони евра), Адем Љајиќ (Бешикташ – 13 милиони евра) и Хенри Ониекуру (Галатасарај – 10 милиони евра). Во нападот е соиграчот на Елмас, Ислам Слимани (Фенербахче – 10 милиони евра).

 

Се вчитува...