Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 0-1 на полувреме против Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно играме слаб натпревар без ниту еден удар кон голот на противникот, кој имаше неколку убави шанси да замине и со поголема позитива на пауза.
Први се заканија гостите уште во 5. минута откако од 16 метри добро биеше Робертсон, но Столе Димитриевски повторно беше на ниво.
Веќе во седмата минута Шкотите поведоа со 0-1 откако од далечина прецизно биеше Кирон Боуви.
Kieron Bowie take a bow pic.twitter.com/5w2XieB1tN
— f 🇵🇸 (@AFrazzledScot) October 3, 2026
И во продолжение игравме катастрофално, а сето тоа резултираше селекторот Седлоски уште во 30 минута да направи двојна замена. Од игра излегоа Херера и Станковски, а влегоа Атанасов и Џеков. До крајот на првиот дел остана предноста од еден гол за Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
