Македонија до 21 година: Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на играчи за мечот со Словенија

Македонската репрезентација до 21 година на 3. јуни во словенечки Терме Чатеш ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија. Подготовките на нашата млада репрезентација започнуваат на 26. мај, а ќе бидат поделини во два дела.

Најавена е селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреаврот со Словенија на гостински терен.

Селекторот Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Давид Денковски, (Брегалница, Штип), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П), Александар Анѓеловски (Ренова), Иван Николоски (Велазерими 77).

ОДБРАНА: Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П), Александар Ѓурковски (Вардар), Георге Јанкулов (Железничар Панчево), Филип Антовски (Славија Софија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори), Марко Стојчески (Телеоптик), Божидар Митревски (Тетекс), Бесир Исени (Струга Трум Лум), Ардиан Беќири (Дрита), Анатолиј Петејчук (Вардар).

СРЕДЕН РЕД: Агон Елези (Вараждин), Бојан Димоски (Академија Пандев), Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиж (Жилина), Флорент Рамадани (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравче), Лука Здравковски (КОМ), Давид Манасиевски (Силекс ).

НАПАД: Марко Ѓрорѓиевски (Вождовац), Марио Илиевски (Септември Софија), Методи Максимов (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П), Јакуп Бериша (Шкупи), Амел Рустемоски (Грасхопер), Лука Трајкоски (Боредц).

Се вчитува...