МАКЕДОНИЈА експресно до предност: Брза контра за водство од 1-0… (ВИДЕО)

Македонската репрезентација, согласно посакувањата, во раната фаза од натпреварот дојде до предност од 1-0 во пресметката против Косово во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на Европското првенство.

По еден брз контранапад почнат со исфрлање на топката од Дарко Велковски, па преку Несторовски до Адеми кој одлично го проигра по десната страна Стефан Ристовски кој, пак,  шутираше откосо од 15 метри, топката го зафати гостинскиот дефанзивец Кололи и отседна во мрежата на Мурич…

Се вчитува...