Македонија ЃП и официјално го промовираше Давид Атанаскоски како свое ново засилување за пролетниот дел од сезоната.
23-годишниот лев бек по три години настап за Академија Пандев се раздели со струмичкиот прволигаш и се сели меѓу „лавовите“. Изминатава полусезона одигра 15 натпревари за Академија Пандев.
Претходно Македонија ЃП се засили и со бугарскиот интернационалец Мартин Ковачев, како и Филип Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА