Македонија ЃП го промовираше Драган Стојков (ФОТО)

Македонија ЃП официјално го промовираше 34-годишниот Драган Стојков како ново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Стојков меѓу „лавовите“ доаѓа од редовите на Тиквеш. Претходно во својата кариера има настапи и за клубови од Грција, Јужна Кореја, Србија и САД.

Екипата од Ѓорче Петров во моментов се наоѓа на седмата позиција со 20 бодови по 16 одиграни натпревари во ПМФЛ.

Се вчитува...