Македонија ЃП го промовираше и четвртото засилување: И Томе Китановски нов „лав“ (ФОТО)

Македонија ЃП и официјално го промовираше и Томе Китановски како свое засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

27-годишниот десен бек доаѓа од редовите на албански Кукс, кој е негов последен клуб. Претходно има настапи и за Славен Белупо и Истра во Хрватска, Универзитатеа Крајова во Романија, српски Вождовац како и за битолски Пелистер на домашната сцена.

Китановски е четврто засилување за „лавовите“ зимава откако претходно во клубот пристигнаа и Давид Атанасковски од Академија Пандев, Филип Петров од Борец и бугарскиот интернационалец Мартин Ковачев.

Се вчитува...