Македонија ЃП одигра без голови со Колкети во Медулин

Македонија ЃП прва од прволигашите почна со контролните натпревари зимава, а „лавовите“ попладнево ремизираа без голови против Колкети од Грузија на натпреварот во рамките од „Арена Куп 2023“ кој се игра во Медулин, Хрватска.

Македонија ЃП натпреварот го почна со двајца нови играчи, кои се на проба. Станува збор за Лелиќ и Хубаниќ, а покрај нив во стартните 11 се најдоа уште и Тасев, Пецов, Мишевски, Личина, Илиевски, Лазаревиќ, Славков, Абази и Скендери.

На клупата беа уште двајца играчи на проба, односно Обадиќ и Стојановиќ, а покрај нив шанса добија Стевковски, Стојкоски, Алексовски, Воша, Алији, Tаневски, Исмаил, Кадриу и Самаке.

Следниот меч на Македонија ЃП во Медулин е во понеделник, против Истра Пула.

Се вчитува...