Македонија ЃП се засили со Црногорецот Бановиќ и Костовски од Тиквеш (ФОТО)

По вчерашниот старт на подготовките, Македонија ЃП денеска и официјално ги промовираше првите засилувања за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Ново име меѓу „лавовите“ е 23-годишниот Црногорец Балша Бановиќ кој игра на централната дефанзивна позиција. Бановиќ во Македонија ЃП доаѓа од редовите на црногорскиот Дечиќ, а претходно има настапи и за ОФК Титоград и Подгорица.

25-годишниот крилен офанзивец Кристијан Костовски, пак, повторно се враќа во својот клуб. По одисејата во Силекс и во Тиквеш, Костовски повторно се враќа во Македонија ЃП од каде замина пред две сезони.

Се вчитува...