Македонија игра во Вараждин, одлична група за „црвено-жолтите“

Македонија имаше среќа во денешната ждрепка за СП 2025, како за добиените противници, така и за местото на одигрување на првата фаза од елитното натпреварување.

Она што е најважно за нашите навивачи, нашата национална селекција ќе бидедел од групата Д што ќе се игра во Вараждин, каде дефинитивно голем дел од „македонската фаланга“ ќе биде во можност да отпатува и да им даде поддршка на избраниците на Кире Лазаров.

Групата не е ниту премногу тешка, носител е селекцијата на Унгарија, од вториот шешир ја добивме Холандија, а она што е најважно – од последниот го добивме африканскиот дебитант Гвинеја. Ако се знае дека една победа би требало да биде доволна за пласман во следната фаза (понатаму одат три селекции од секоја група), јасно е дека имаме одлични шанси да се најдеме во главната рунда од овој ракометен мундијал.

ГРУПА А (Хернинг): Германија, Чешка, Полска, Швајцарија.

ГРУПА Б (Хернинг): Данска, Италија, Алжир, Тунис,

ГРУПА Ц (Пореч): Франција, Австрија, Катар, Кувајт.

ГРУПА Д (Вараждин): Унгарија, Холандија, Македонија, Гвинеја.

ГРУПА Е (Осло): Норвешка, Португалија, Бразил, САД.

ГРУПА Ф (Осло): Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле.

ГРУПА Г (Загреб): Словенија, Исланд, Куба,Зеленортски Острови.

ГРУПА Х (Загреб): Хрватска, Египет, Агентина, Бахреин.

Се вчитува...