Македонија ја завршува 2022 година на 65. позиција на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација без промени на најновата ФИФА листа, последна за оваа година. Македонија остана на 65. позиција, и ќе ја заврши годината на оваа позиција.

Најдобриот пласман оваа година Македонија го имаше во март кога после победата на Италија, беше на 62. позиција на листата.

Новиот светски првак Аргентина се искачи на втората позиција на ФИФА листата веднаш после Бразил. Франција која играше во финалето е на третата позиција сега.

Белгија поради неуспехот доживеа пад и сега е четврта светска сила. Во ТОП 10 уште се и Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.

Се вчитува...