Македонија ќе биде домаќин во јуни на Светскиот пинг-понг куп за сениори

По собраните предлози и детална анализа на организациските капацитети заедно со усвојување од страна на Управниот одбор, Пинг понгарската федерација на Македонија го објави календарот за вториот дел од сезоната 2024/2025.

Сезоната продолжува со државни Телеком мастерс тунири во категориите до 11 и 13 години на 15. февруари во Битола, а веднаш потоа на 16. февруари и Јуниорската лига.

Традиционално ќе се одржат турнирите во чест на Илија Карески – Каре и Кире Велков, на 22. и 23. февруари во Прилеп и 29. март во Струмица, соодветно.

На 2. март започнува и Суперлигата и главните натпревари за шампионската титула во оваа сезона.

Од 9. до 15. јуни ќе се одржи World Table Tennis (WTT) Skopje 2025 во сениорска категорија, односно прв натпревар од ваков тип. На натпреварот се очекуваат високо рангирани натпреварувачи од светот.

Се вчитува...