Македонија не дозволува Естонците многу да се радуваат: Евро-гол на Сапинен, но Стојановски возврати за 2-1 (ВИДЕО)

Естонија израмни на 1-1 против македонската репрезентација на дуелот од 5. коло во Лигата на нации.

Сапинен во 52. минута постигна вистински евро-гол шутирајќи од левиот агол на шеснаесетникот во спротивниот агол од голот на Шишковски, и мајсторски погоди за 1-1.

Сепак, максимално доминантната игра на селекцијата на Игор Ангеловски вроди со плод во 68. минута. Откако претходно имавме три 100% шанси на Тричковски, Стојановски и Николов, на крај во 68. минута по феноменалниот центаршут на Елмас, убаво со глава Влатко Стојановски погоди за враќање на предноста, сега од 2-1.

Се вчитува...