Македонија нема пораз од Црна Гора во последните 5 меча: Така и да остане!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Репрезентацијата на Црна Гора е 49-та светска селекција против која Македонија за првпат запишува официјален меч на едно големо натпреварување.

Македонската селекција, без сомнение, ја носи големата фаворитска улога пред вечерашната пресметка која стартува од 20:30 часот во загрепската „Арена“. Преку победа и дефинитивно обезбедуваме втор круг на Европското првенство во Хрватска, но и сериозен мотив повеќе за последната пресметка во Групата Ц против Германија во среда.

А, Македонија е отворен фаворит ако се суди и според статистичките показатели од дуелите со Црногорците. Зад двете репрезентации досега во историјата се единствено пријателски натпревари, од кои Македонија цели пет години не знае за пораз. Во последните пет години, Македонија и Црна Гора одиграа пет меча при што нашата репрезентација има четири победи и само едно реми…

Пред тоа е единствениот пораз за нас од дуелите против Црна Гора (28-29), исто така на пријателски натпревар во Подгорица.

Македонската ракометна селекција вечерва во Загреб ќе го игра својот 197-ми официјален натпревар на едно големо натпреварување во историјата. Триумф значи пласман меѓу најдобрите 12 во Европа и продолжување на натпреварите во Вараждин.

Се вчитува...