Македонија ослабена на последниот меч со Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде ослабена на последниот меч од квалификациите за ЕП 2022, в недела на домашен терен против Швајцарија. Станува збор за дуел без преголемо натпреварувачко значење, Македонија сигурно е второпласирана во групата, а за првото место има само теоретски шанси (Данска да не слави над Финска), поради што се очекува селекторот Кире Лазаров и неговиот прв асистент Филип Миркуловски да останат само дел од стручниот штаб на неделниот дуел во СЦ „Јане Сандански“.

Вакво нешто се случи и при претходниот квалификациски собир, кога Лазаров и Миркуловски дадоа голем придонес во историската победа во Скопје над Данска, но потоа најискусните останаа на клупата за реваншот што се одигра во Данска.

Покрај двајцата големи асови, дуелот со Швајцарија речиси сигурно ќе го пропушти и Дејан Манасков, кој заработи незгодна повреда на вчерашниот меч со Финска. Врз крилниот ракометар денеска ќе бидат извршени детални прегледи, но тешко е да се поверува дека ќе се ризикува со настап на крилниот ракометар на Веспрем непосредно пред завршницата од сезоната во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...