Македонија подобра во Никозија, но без голови на полувремето (ФОТО)

Македонската репрезентација е подобра во првите 45 минути на натпреварот против Ерменија во последното коло од Ц-лигата на Лигата на нации, но не успеа да дојде до погодок за полувреме без голови на „ГСП арената“ во Никозија, Кипар.

Првите две можност македонските репрезентативци ги имаа во 18. и во 24. минута преку Александар Трајковски кој испрати два одлични шута од 18 метри, но одбрани противничкиот голман.

Ерменците се заканија во 25. минута преку Карапетјан кој се најде во 100% можност, но неговиот шут од 16 метри одлично го одбрани Шишковски исфрлајќи во корнер.

Во 32. минута Тричковски шутираше покрај голот, а се издвои и уште една шанса на Трајковски во 38. минута која остана нереализирана. Противникот имаше можност преку поранешниот вардарец Барсегјан, но Шишковски повторно одбрани.

Се вчитува...