Македонија полноправен член во ФИФПро

Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) стана полноправен член во ФИФПро – Светската унија на професионални фудбалери. Претседателот Панче Ќумбев, на Генералното собрание што се одржува во Каиро, Египет, потпиша пристапница со кој Македонија стана полноправен член на ФИФПро.

Ова треба да биде голем чекор во заштитата на правата на македонските фудбалери. Но, прашање е и колку СФМ всушност реагира на неправдите во македонскиот фудбал. На пример, јавна тајна е дека во ФК Пелистер се должат плати од јули месец, а првотимците седнаа на теренот јавно, во знак на протест, на еден меч од есенскиот дел од првенството. СФМ не излезе со официјален став. Конечно, треба да се обелодени и јавно, колку тоа членови има овој Синдикат на фудбалери на Македонија, со платена членарина, и да почне многу поактивно да води сметка токму за правата на професионалните играчи.

Се вчитува...