Македонија со тотална статистичка доминација, но залудно кога (не)реализацијата останува главна болка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија на последните четири одиграни репрезентативни натпревари е со само еден постигнат погодок… И дефинитивно тоа како најголема болка се покажа и на пријателскиот натпревар со Финска на арената „Тодор Проески“ на која македонската фудбалска селекција доминираше на теренот, но само поради (не)реализацијата на крај само ремизираше…

Ако се погледната целокупната статитистика на мечот и бројот на реализираните шанси, јасно е дека националниот тим мораше да дојде до триумфот, но останаа нереализирани дури шест 100% можности за погодок.

Македонската репрезентација, согласно официјалната статистика, го заврши дуелот против Финците со поседе на топка од 60%, наспроти 40% на Финска, со вкупно 16 шута кон противничкиот гол од кои дури седум во рамките на голот, наспроти четири на Финците.

Македонија имаше 450 прецизни додавања и 76 опасни напади кон противниците, а Финцкс заврши со 250 прецизни пасови на терен и само 39 опасни напади.

Но, на крајот, ќе се памети само резултатот – 1-1.

Во секој случај, ова е само прва проверка за селекторот Благоја Милевски на 25 повикани репрезентативци кои ќе треба да се тестираат веќе и во недела против Азербејџан, како финална контрола пред мартовскиот старт на квалификациите за ЕП 2024.

 

Се вчитува...