Македонскиот национален тим во 25. минута поведе над Азербејџан со гол од пенал кој прецизно го изведе Енис Барди. Исто како и против Финска, така и против Азербејџан, македонската селекција првиот гол го постигнува од 11 метри.
Пеналот го изнуди Елиф Елмас кој проби по левата страна, влезе во шеснаесетникот и беше фаулиран од Исаев. Судијата од Албанија, Енеа Јоргји покажа на белата точка без размислување.
Македонија покрај водството, имаше и една шанса, една шанса имаше и Азербејџан, а доминацијата на теренот е за нашата селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА