Македонија загуби, но го доби Теодор Симиќ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација квалификациите за Светското првенство 2023 ги отвори со пораз од 65-94 од актуелниот светски шампион Шпанија.

‘Црвено-жолтите’ успеаја да им парираат на фаворизираните Шпанци само во првото полувреме по кое гостите ги земаа работите во свои раце и победата ја осигураа во третата четвртина.

Резултатот беше очекуван, а позитивен за македонската кошарка е блесокот на 17-годишниот Тeoдор Симиќ кој мечот го заврши со 18 поени и реализацијата 6/8 од поле со 3/4 зад линијата 6,75. Згора на тоа додаде и 2 скока.

 

фото: Роберт Спасовски

 

Се вчитува...