Македонката што случајно го откри белгискиот фудбалски скандал…

Македонката Марија Богојевска играла значајна улога во разоткривање на големиот скандал во белгискиот фудбал, откако полициската акција „Чисти раце“ токму благодарение на неа дошло до значајни сознанија за собирање на докази пред да почнат апсењата на бројни агенти, тренери, судии и директори на клубови. Имено, Марија Богојевска била девојка на првообвинетиот Дејан Вељковиќ, кој преку неа трансферирал значителни суми на пари.

Кога таа дознала, за целиот случај се пожалила на својата мајка, не знаејќи дека како личност блиска на Вељковиќ и нејзиниот телефон се прислушкува.

„Мамо, мојот маж пере пари преку мене“ – гласела пораката на Марија, по која белгиската истрага сериозно добила на интензитет при прибирање на нови докази.

Вељковиќ отворил сметка на нејзино име во една банка во Србија со образложение дека истата ќе биде користена за да праќа пари на своите родители во Србија, но ситуацијата станала сомнителна кога Марија забележала дека станува збор за милионски суми префрлани на различни лица.

Македонката е уапсена како дел од акцијата „Чисти раце“ бидејќи знаела за криминалните дејствија, но не ги пријавила.

Се вчитува...