Македонска акција: Несторовски до Трајковски – гол за Палермо

Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Нестровски се најзаслужните што Палермо нема негатива по првото полувреме од гостувањето против Падова.

Имено, сицилијанскиот клуб губеше се до 43. минута кога израмни благодарение на двајцата Македонци, откако Несторовски го проигра Трајковски, кој од пет-шест метри рутински реализираше.

Нема сомнеж, ако Палермо сака да се врати во елитата неопходно ќе биде Трајковски и Несторовски редовно да ги тресат противничките мрежи.

Се вчитува...