Македонската фудбалска лига трета најизрамнета во Европа, по Албанија и Словенија

Интернационалниот институт за фудбалска статистика (ЦИЕС) од Швајцарија објави ново истражување во кое ги издвоија најизрамнетите лиги во светот, во кои разликата меѓу најдобрите и најслабите тимови е најмала.

Главниот критериум во истражувачката сторија на ЦИЕС е бројот на натпревари во кои победите се со три и повеќе голови разлика. Утврдено е, согласно тоа, дека најмалку такви натпревари на европскиот континент имало во Албанија, па во Словенија, а трета е Македонија која е меѓу најизрамнетите лиги во Европа. На светско ниво најизрамнета е колумбиската лига.

На Стариот континент, албанската лига е најизрамнета со само 8,8% натпревари кои се завршени најмалку со три гола разлика, а во Македонија досега само 9% од натпревари завршиле со три или повеќе разлика.

На Балканот, лигата во Србија е при дното со голем број натпревари завршени со три или повеќе разлика, а од најсилните Топ 5 лиги меѓу поизрамнетите е шпанската Ла Лига со 11,4% од натпреварите завршени со три или повеќе разлика.

Се вчитува...