Македонската кикбокс репрезентација отпатува на ЕП во Истанбул (ФОТО)

Македонската кикбокс маитаи федерација предводена од претседателот Дејан Митровски-Урко денеска заминаа на европското Маитаи ИФМА сениорско и јуниорско првенство.

На првенството ќе учествуваат 37 европски земји со повеќе од 1000 натпреварувачи.

Македонските репрезентативци периодов работеа напорно на тренинзите воедно работејќи на тоа да ја постигнат договорената килажа за целната категорија. Маи-таи првенствата се најтешкиот стил на борба од сите боречки спортови каде удари има со раце, нозе, колена, лакти но и маи таи фрлања. Маи Таи е спорт кој бара исклучителна кондиција, моторика и техничка подготвеност на борците за учество на вакви официјални европски и светски аматерски ИФМА првенства каде учестуваат најподготвените борци во светот.

Македонија на европскиот шампионат ќе ја претставуваат:

1. Бобан Илиоски -81кг сениор.
2. Еркан Мурат -75кг сениор.
3. Миа Тодорова -63,5кг од 17-23 год.
4. Силвио Мировски -60кг јуниор 14-15 год.
5. Горјан Ристовски -71кг јуниор 16-17 год.

Се вчитува...