Македонската репрезентација без Јотовски на Дејвис купот во Атина

Македонската тениска репрезентација ги почна подготовките во Скопје за настапот на Дејвис купот во Третата европска група, турнир кој ќе се игра од 11. до 14. септември во Атина, Грција.

Македонија на Дејвис купот ќе игра без Томислав Јотовски и Стефан Мицов кои го откажаа учеството, во следниот состав: Горазд Србљак, Димитар Грабул, Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ, предводени од капитенот Чедомир Јовановски и Владимир Томиќ како асистент тренер.

Можни противници на Македонија во Атина, по извлекувањето на групите, се Луксембург, Естонија, Полска, Летонија, Монако и Црна Гора.

Се вчитува...