Македонската скајранинг репрезентацијата на 11. место на Европското првенство (ФОТО)

Македонската репрезентација имаше успешен настап на Eвропското првенство во скајранинг, најекстремната форма на планинско трчање, кое изминатиот викенд се одржа во Сао Педро до Сул, Португалија.

На популарната дисциплина “Skyrace” во должина од 35 километри и 3500 метри надморска височина, најдобар резултат оствари државниот шампион Дејан Ангелоски (16. место со резултат 4 часа и 35 минути), а успешен настап имаа и Александар Кирковски (24. место) и Марјан Бонев (29. место). На дисциплината Ултра во должина од 65 километри учествуваше Никола Илиевски.

Во екипниот пласман нашите репрезентативци со вкупно 102 бодови се пласираа на 11-то место од вкупно 20 репрезентации на првенството.

Федерацијата за планинарство на С.Македонија (ФПСМ) е полноправен член на Светската скајранинг федерација, а претходно македонската репрезентација со успех дебитираше на европското првенство во Италија одржано во септември 2019-та година, како и на светското првенство во Шпанија една година подоцна.

Се вчитува...