Вардар е ракометна велесила, а сите оние кои сметаа дека ланската титула е „среќна“ или „случајна“ сезонава се соочуваат со реалноста – дека Раул Гонзалес во Скопје создаде машинерија способна да ги „меле“ сите екипи кои важат за европски гиганти. Тоа беше случај со Барселона, денеска му се повтори и на Рајн Некар Левен, откако Николај Јакобсен ни со седум играчи во поле не можеше да најде лек за одбраната на „командант Раул“.
Македонците станаа специјалисти за „германски ракометни пациенти“, па денеска Вардар го совлада првакот на Бундес-лигата на сличен начин како ланските победи во четвртфиналето над Фленсбург, со доминација од прва до последна минута и демонстрација на црвено-црната ракометна моќ во Европа.
[new_royalslider id=”850″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА