Македонски судии испишаа историја на ФИБА-натпреварите

Македонските судии со знакот на ФИБА, Зоран и Игор Митровски ќе останат запишани во историјата на европските кошаркарски натпреварувања како први браќа кои ја делеле правдата на еден официјален натпревар на ФИБА.

Овој историски момент се случи синоќа, во Софија, на средбата Ираклис-Трефл-Сопот, дуел то беше финале од квалификациската група Б за пласман во ФИБА Еврокупот.

Браќата Митровски беспрекорно го отсудија и овој натпревар, крај себе за трет судија ог имаа Мехмет Сахин од Турција, додека делегат беше Драгутин Илиќ од Србија.

Се вчитува...