Македонски судијки ќе судат на фајналфор во европските купови

Македонија има квалитетни ракометни судии и кога станува збор за женска конкуренција, доказ за тоа е вклучувањето на двојката Силвана Карбеска – Марија Илиева во листата на официјални лица за претстојниот фајнлфор турнир од ЕХФ купот.

Македонските судијки имаат одлична арбитража на европските натпревари во текот на целата сезона, што беше препорака тиа да добијат шанса и на една фајналфот завршницата, во второто по ранг европско клупско натпреварување што ќе се одржи во Баја Маре, Романија. На овој турнир ќе учествуваат Минаур, Хернинг – Икаст, Нант и Сиофок, кои ќе се борат за премиерниот трофеј во ова новоформирано натпреварување.

Покрај Карбеска и Илиева, за арбитража на средбите од овој турнир се избрани: Вранеш и Венингер (Австрија), Балван и Прастало (БиХ) и Лидецка и Лесиак (Полска).

Се вчитува...