Македонските екипи ги добиваат ривалите во 2. коло во ЛШ и ЛК: Динамо Загреб можен ривал на Шкупи

Динамо од Загреб е можниот ривал на Шкупи, доколку нашиот првак мине во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ждрепката за евентуалните противници во следната фаза и во Лигата на шампионите, и во Лигата на конференции е денеска во 12, односно 13 часот. Денеска и Македонија ЃП ќе го добие својот ривал, откако како освојувач на Купот оди директно во 2. квалификациско коло во Лигата на конференции.

Доколку Шкупи го мине Линколн од Гибралтар, можни противници му се Динамо Загреб, потоа победникот од Лех Познањ – Карабах, и победникот од Тобол – Ференцварош.

Академија Пандев, пак, доколку мине во следната фаза во Лигата на Конференции, како можни ривали ќе ги има Јанг Бојс, Рапид Виена, Осијек, победникот од дуелот Флора Талин – Сеинајоки и победникот од дуелот Олимпија – Диферданж.

Шкендија, пак, ќе има нешто поелсни противници, со оглед дека и во 2. квалификациско коло ќе биде носител. Така тетовци за противници во евентуалното следното коло може да ги имаат Викинг, АИК Стокхолм, Раков од Полска, Валмеира и победникот од Паневезис – Милсами.

И Македонија ЃП во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе добие еден од следните екипи: ФЦСБ, Хапоел Бер Шева, ЦСКА Софија, Нефчи и победникот од Алашкерт – Хамрун.

Се вчитува...