Македонските кадети пресилни за Бугарија (24-35)

По настапот на турнирот во Романија, ракометната кадетска репрезентација на Македонија го одигра првиот од двата предвидени пријателски натпревари со Бугарија. Избраниците на Данило Брестовац на гостувањето во Габрово славеа убедливо против домаќинот со 24-35.

Македонија во пресметката славеше и без најдобриот свој стрелец Мартин Серафимов, кој на почетокот од натпреварот заработи повреда. Не се работи за посериозна повреда, но не сакајќи да ризикува селекторот не го внесе во игра до крајот на мечот.

Нашата селекција имаше постојана предност од околу 10 гола, за на крајот повеќе од заслужен триумф.

Вториот меѓусебен пријателски натпревар е закажан за утре од 13 часот, исто така во Габрово. Тест дуелите се во рамките на подготовките за ЕХФ шампионатот кој следното лето ќе се одржи во Грузија, како и за Светското првенство кое се игра во Скопје во 2019 година.

Се вчитува...