Македонските клубови ги добија противниците во женскиот Европски куп

Македонските ракометни клубови ги добија противниците во женскиот Европски куп. Вицешампионот Металург во 1. квалфииакиско коло од ова натпреварување ќе игра против Дуделанж од Луксембург.

Чаир ќе се сретне со тимот од Фарски Острови, Х 71. ЖРК Вардар ќе игра против косовска Приштина, додека Деспина Прилеп доби најтежок противник и ќе игра со шведската екипа Скара.

Првите натпревари ќе се играат на 16 и 17 октомври, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.

Се вчитува...