Македонските ’традиционалци’ на карате семинари во Грција и на Кипар

Македонските каратисти ’традиционалци’ во наредниот период ќе учествуваат на семинари во Грција и на Кипар. На семинарот во Неа Флогита, Грција, што ќе се одржи од 18. до 23. јуни ќе учествуваат повеќе каратисти од Македонија, Грција, Србија и Романија. Семинарот ќе биде под водство на Шихан Венцислав Недев 9 дан и на Сенсеи Дејан Недев 6 дан.

Дејан Недев за прв пат на покана на карате клуб од Ларнака на 25. и 26. јуни, ќе одржи дводневен карате семинар на младите и надежни каратисти од Кипар.

По враќањето од Грција и Кипар, македонските каратисти ќе продолжат со подготовки во Скопје за меѓународните карате шампионати во Романија и Италија закажани за ноември и декември оваа година.

Се вчитува...