Македонското знаме подготвено, „Стожице“ се уште не е… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонското знаме доби привилегија да биде прво подготвено за утрешниот старт на натпреварите на Европското првенство во одбојка. Љубљана и Словенија се еден од четирите ко-домаќини на шампионатот на Стариот континент. Домаќинот полека се подготвува, можеби македонските симболи се веќе во функција, но во салата „Стожице“ се уште се работи. Се очекува утре се да биде во најдобар ред за почетокот на ЕП.

Македонскиот национален тим утре го почнува дебитантскиот настап на Европското првенство.

Се вчитува...