Вардар и во Шведска играше како да е дома (фото)

Ракометарите на Вардар и во далечната Шведска се чувствуваа како дома, благодарение на големиот број Македонци кои се најдоа на трибините во арената на Кристијанштад, давајќи им поддршка од првата до последната минута на избраниците на Роберто Парондо.

Можеби беа помалку бројни од Швеѓаните, но максимално гласни и темпераментни, Македонците ги засенија скандинавски фанови на трибините, давајќи им крилја на своите миленици и кога не им одеше најдобро, во првото полувреме, но и во клучните моменти од натпреварот.

„Вардарци им направија голем мерак на навивачите што вечерва беа на трибините во салата во Кристијанштад. Имаа со што да се гордеат. Постојано го бодреа тимот и се радуваа на трибините. Во благодариме“ – објави РК Вардар на својот официјален фејсбук профил.

Се вчитува...