Македонците наредија победи во Купот на Германија

Македонските ракометни интернационалци во Германија имаа добар ден, откако Филип Кузмановски, Жарко Пешевски и Мартин Томовски сите забележаа победи со своите тимови на почетните натпревари од Купот на Германија.

Кузмановски со Магдебург за ривал го имаше Нортхајмер, при што тимот на Македонецот триумфираше со убедливи 41-26. Магдебург одигра извонредно прво полувреме во кое постигна дури 27 гола (27-10), период во кој екс-ракометарот на Металург и на Работник постигна четири погодоци. Кузмановски го заврши мечот со пет гола, со што беше меѓу најдобрите стрелци на својот тим.

Жарко Пешевски со Штутгарт рутински славеше над второлигашот Кобург со 29-24. Македонскиот пивот го заврши мечот со еден постигнат гол.

Мартин Томовски се израдува на победата на Лудвигсхафен над екипата на Лојтерхаузен од 27-23. Нашиот интернационалец не доби шанса на голот на својот нов клуб.

Се вчитува...