Македонците успешно финишираа на Европското првенство во скајранинг

Македонската репрезентација за првпт зеде учество на Европското првенство во скајранинг што се одржа во Италија. Патеката беше со должина од 31 км и 2600D+ по доста технички алпски терен, а трчаа четворица наши спортисти/ки и сите успешно ја завршија трката.

Во машка конкуренција од вкупно 120 натпреварувачи нашите момци ги постигнаа следните резултати: Александар Стојкоски 3:44:05 (50 место), Александар Кирковски 3:48:35 (52 место), Марјан Бонев 4:14:29 (71 место) Во женска конкуренција се натпреваруваа 45 девојки, а нашата Елена Ртоска финишира со 5:33:08 (36 место).

  

На првенството настапија вкупно 20 европски репрезентации, а победници се Шпанецот Јан Маргарит Соле и Романката Дениса Драгомир, додека во екипен пласман титулата и припадна на Шпанија. Од оваа година Федерацијата на планинарски спортови на Македонија стана полноправен член на Светската федерација за скајранинг со што се отвори можност за развој на овој атрактивен планински спорт во нашата земја.

Се вчитува...